Ова е дефинитивно најубавиот дом на Инстаграм: „Ѕирнете“ во неговата нежна, удобна и романтична атмосфера

Loading...

Замислете дом кој е исполнет со меки перници, нежни бои, романтични декорации и дом во кој се чувствувате како да сте во најубавиот сон.
Токму таков дом пронајдовме на Инстаграм профилот @herzenstimme. Комбинацијата од скандинавски дизајн и бохо стил направила оваа куќа да зрачи со посебна доза на романтика и комфор.
На секој агол му е посветено особено внимание – од скалите, дневната соба па се до просторот за читање. Секој детаљ има посебно значење и симболика, а сите заедно оддаваат енергија на топол дом.
Ламбите, волнените и кадифени перници, ѕвездите, оригиналните бохо слики и уникатниот мебел – се изгледа магично, како совршено бегство во светот на сонишата.
Иако во овој дом има многу детали, отворениот простор му овозможува практичен распоред, а боите се движат од црна, бела, боја на дрво па се до нежните пастелни нијанси.
Особено внимание привлекува и надворешниот дел на куќата во кој се наоѓа када за уживање, подеднакво убаво декорирана како и ентериерот.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите и побарајте инспирација за уредување на вашиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika 🇩🇪 (@herzenstimme)

 

loading...