Ова е идеалниот број на партнери!

Новото британско истражување спроведено во неколку градови во Британија, покажува дека самците сакаат партнери со искуство, но не преголемо. Тоа од прилика би значело помеѓу 3 и 5 партнери.
Реномираниот „Journal of sex research“ објави податоци кои покажуваат дека мажите и жените имаат слични критериуми при влегувањето во љубовен однос. Заклучокот е дека сите се претпазливи кога влегуваат во однос со невин партнер, но дефинитивно никој не сака премногу промискуитетни личности за партнери. Што повеќе партнери, толку помалку привлечност, вели истражувањето.
Истражувањето, понатаму, вели дека луѓето со повеќе партнери имаат склоност кон изневерување, но и пренесување на сексуално преносливи болести. Истражувањето се темели на 188 испитаници, од кои половина жени. Мажите се помалку строги кон бројот на партнери кои ги има жената, доколку бараат само површна романса. Од друга страна пак, кај жените се јавува одбивност кога мажот има повеќе од 6 партнери, додека кај мажите бројката е речиси двојно поголема, односно 11. За двата пола идеалната бројка би била 3.


Мажите се посклони на невини девојки. Спротивно на идејата дека машкиот промискуитет е подобро прифатен од женскиот, истражувањето покажа сосема спротивни податоци. Извештајот вели, дека мажите се посклони на тоа да влезат во љубовен однос со девојка која е невина или имала минимален број на партнери. И двата пола се согласни дека преферираат 2 подолги или 3 пократки врски претходно.
Иронично е тоа што самите испитаници, не беа на ниво на своите критериуми, па така просечниот број на партнери кај жените бил 5.8, додека кај мажите 8.4.

Loading...