Триесет и шестгодишната Даниела Р. е мајката која утрово на својата тригодишна ќеркичка Т.Р. и ги исекла вените, па ја фрлила од четвртиот кат. Потоа истото си го сторила и себе си и скокнала во смрт.
Сопругот на Даниела кога ја затекнал глетката, враќајќи се од трета смена од работа, останал во шок, по што морала да интервенира и медицинска екипа. Според неофицијални информации тој е сместен во Земунската болница.
Вознемирените соседи не можат да поверуваат во тоа што се случило, бидејќи велат дека делувале како складно семејство.