Ова е најбараниот производ на „Apple“: Чини 20 долари, а испораката се чека со месеци

Loading...

Крпата е изработена од мек неабразивен материјал, а моментално е најбараниот производ од компанијата.
Доколку познавате некој љубител на „Apple“ производи, имате ограничен буџет за подарок, еве ви можност.
Американскиот гигант продава крпа за чистење на екран по цена од 20 долари.
Проблемот е во тоа што ќе чекате од 10 до 12 седмици за испорака поради тоа што овој производ е многу популарен, а го нема во доволно количина, пренесува британски „Metro“.
Крпата е претставена заедно со новата генерација на „MacBook Pro“ и „AirPods“. Во старт се нашла на критики, но потоа станала најбараниот производ од компанијата.
Има само една боја
Во споредба со останатите производи кои ќе ги добиете за кратко време, оваа микрофибер крпа ќе ја чекате од 10 до 12 месеци.

Изработена е од мек неабразивен материјал и достапна е само во бела боја.
„Apple“ наведува дека оваа крпа се користи за бришење на сите видови екрани, вклучувајќи и нано-стакло.

loading...
Loading...