Ова е најблесавиот стјуарт на сите времиња: Додека објаснувал што да се прави во итен случај сите заоѓале од смеење (ВИДЕО)

Loading...

Еден стјуарт стана хит на Интернет додека на патниците во авионот им ја објаснувал процедурата во случај на пад на авионот.
Имено, редовната процедура која ја покажуваат стјуардесите и стјуартите на почетокот на секој лет, тој ја претворил во претстава.
На снимката која ја направил еден од патниците може да се слушне како патниците на глас се смеат цело време додека тој “објаснува“ како да се однесуваат во случај на потреба.
Во еден момент дури и неговата колешка, стјуардеса која стои зад него и се обидува да го објаснува истото што и тој, почнува да се смее.
Како тоа изгледа погледнете на снимката, на крајот на која се слуша и аплауз кој го го добил овој духовит стјуарт.

 

loading...