Ова е недопустлива грешка: Италијанските готвачи откриваат во што најмногу грешиме кога подготвуваме болоњезе сос

За многумина омилениот сос за шпагети, а готвачите од светот откриваат дека секојдневно правиме грешка во неговата подготовка.
Гурманите, љубителите на шпагети со болоњезе сос, згрозени се од разните варијанти на подготовка на овој италијански специјалитет.
Така ширум планетава, наместо мелено јунешко месо, на сосот му додаваат пилешко или мисиркино месо.


Со намера да го вратат интегритетот и оригиналноста на болоњезето, италијанските готвачи одлучиле да ги предупредат сите луѓе во што грешат најмногу кога станува збор за подготовката на овој сос.
Оригиналниот рецепт датира од 1982-ра година од Болоња и содржи сланина, моркови, целер, кромид, сос од домати и малку вино.
Кулинарските експерти предупредуваат дека најчестата грешка при сервирање на болоњезе сосот е со шпагети, а дека богатиот сос со месо треба да се послужи со тањатели.
Не е само болоњезето погрешно интерпретиран италијански специјалитет туку тука спаѓаат и пица Наполитана, песто, тирамису, шпагети карбонара.