Руската новинска агенција РИА јавува дека рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Калининград.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата нема за цел да испрати порака до НАТО.
Сепак, Кремљ соопшти дека „милитаристичките изјави на балтичките земји“ покажуваат дека постои ризик за Калининград.
- Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со РусијаГлавниот штаб на копнените сили на Северноатлантската алијанса во земјите од… Read more: Финска: Штабот на НАТО ќе биде во близина на границата со Русија
- (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“Во пресрет на венчавката на либанската инженерка Маја Гариб, планирана за… Read more: (Фото) Цело семејство убиени во крвав напад од Израел: Избирале венчаница, но венчавката не се одржа… „Невестата стана маченичка“
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазијаПолитичкиот директор Балаш Орбан во еден поткаст рече дека Унгарија не… Read more: Десната рака на Орбан рече Унгарија не би се бранела доколку дојде до руска инвазија
- Се сретна ли Давкова со Бајден, како што се сретнаа Османи и Рама?Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, за време на нејзиниот… Read more: Се сретна ли Давкова со Бајден, како што се сретнаа Османи и Рама?
Руската новинска агенција Тас пренесува дека распоредот на Путин вклучува посети на тамошните студенти и средба со регионалниот гувернер.
Се известува и дека Путин официјално ќе отвори фабрика за производство на соларни батерии.
Калининград е руска ексклава на Балтичкото Море, стисната помеѓу Полска и Литванија.
Блиску до Калининград е клучниот коридор Сувалки, кој се наоѓа на границата меѓу Литванија и Полска, меѓу сојузникот на Москва Белорусија и руската енклава, која се смета за „Ахилова пета на НАТО“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.