Ова овошје мора да го јадете: Можат да спречат цироза, одлични се за панкреасот и помагаат при слабеење

Ако некое овошје е познато, а толку занемарено, тогаш е тоа крушата. Но таа е најдобра намирница за панкреасот, кој исто така сме склони да го занемариме. Преоптоварениот панкреас најдобро се смирува со круша.
Крушите се и рајско овошје за црниот дроб затоа што го поттикнуваат процесот на чистење и можат да спречат цироза. Пулпата на крушата е богата со фитоматерии, минерали во трагови и аминокиселини кои се врзуваат за отровите во телото и ги исфрлаат од организмот.


Крушите го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и се голема помош при слабеењето. Една круша со средна големина има околу 90 калории. Содржи витамин Ц и флавоноиди и е добар извор на бакар кој не штити од штетното делување на слободните радикали.
Кората од крушата е богата со влакна кои го снижуваат лошиот, ЛДЛ холестеролот и го елиминираат слузот од телото. Крушата е идеална за опоравување после операции или после труење како и кај оние кои се на посебни диети.
Најдобро е да се јадат помеѓу појадок и ручек или доцна попладне затоа што го намалуваат поривот за благо или за прејадување. Крушата е овошје со најмалку алергени.

Loading...