Ова се најздравите грицки на светот: Само еден грст дневно го штити срцето, ја регулира тежината и го зајакнува имунитетот!

Loading...

Во последно време сѐ повеќе се зборува за јаткастите плодови во контекст на здрава храна, а нутриционистите наведуваат безброј причини зошто тие се добри за здравјето.
Но кога би морале да одберете само еден вид јаткасти плодови што ќе ги консумирате, тоа секако би требало да бидат ф’стаците. Тие спаѓаат меѓу најстарите јаткасти плодови, а и римските владетели ги сметале за вистинско уживање.
Се препорачуваат за грицкање поради својот добар вкус, но и поради сите придобивки што ги нудат за организмот, а нутриционистите неодамна ги прогласиле за најздравите грицки на светот. Постојат многу причини зошто би требало да станат дел од вашата исхрана, а ова се само дел од нив…
Полни се со витамини А, Б6, Ц и Е, кои се важни за работата на срцето, го зајакнуваат имунитетот, штитат од штетни зрачења, одлични се за превенција на рак и зачувување на нервниот систем. Богати се со магнезиум, железо, калциум, фосфор, цинк, манган, калиум и бакар.


Покрај тоа, содржат и влакна кои се потребни за здравјето на дигестивниот тракт.
Им се препорачуваат на луѓе што имаат проблеми со анемија, бидејќи го покачуваат железото. Покрај тоа, ако имате грчеви во стомакот, ф’стаците ќе ви помогнат да ги олесните тегобите.
Помош за слабеење
Ф’стаците го забрзуваат метаболизмот и ја регулираат тежината, а благодарение на влакната, протеините и мастите, брзо создаваат чувство на ситост.
Го чуваат здравјето на срцето
Ф’стаците докажано го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол по многу краток период на консумирање. Богати се со антиоксиданси, како што се витамин А и витамин Е. Исто така, се борат против воспаленија, ги штитат крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви болести. Дури и малата количина на овие јаткасти плодови го зголемува нивото на лутеин.
Спречуваат развој на дијабетес
Консумирањето ф’стаци може да го спречи развојот на дијабетес тип 2. Тоа е така, затоа што 60% од препорачаната дневна доза на минералот фосфор се содржат во една шолја ф’стаци. Не само што фосфорот помага да се разбијат протеините во аминокиселините, туку и помага за толеранција на глукоза.


Го одржуваат здравјето на очите
Ф’стаците содржат два каротеноиди што ги нема во повеќето други јаткасти плодови, лутеин и зеаксантин. Тие дејствуваат како заштитни антиоксиданси, бранејќи го ткивото од слободни радикали. Поврзани се со намален ризик од развој на сенилна макуларна дегенерација, која е главна причина за оштетување на видот и стекнато слепило.
Го забавуваат стареењето на кожата
Ф’стаците се одличен извор на витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, неопходен за одржување на интегритетот на станичната мембрана и често се препорачува за здрава и убава кожа. Витаминот Е врши одлична работа штитејќи ја кожата од УВ-зрачење, давајќи одбрана од стареење и рак на кожата.

loading...