Ова се најсреќните и најтешките години во бракот

Loading...

Ако партнерите ја преживеат петтата година од бракот и останат во врска, тогаш влегуваат во многу комплициран период. Семејниот живот до седмата година станува рутина. Честопати има расправии за финансиите, околу децата…
Експертите за семејно право од правната фирма Slater&Gordon спроведоа истражување на 2.000 двојки и открија кои години во бракот се најсреќни, а кои најтешки. Тие велат дека ако ги преживеете како пар тие тешки моменти, големи се шансите да заедно да ја дочекате староста.
По три години во брак, партнерите стануваат поподготвени да ги прифатат недостатоците на другиот и тогаш нивниот живот станува поудобен и порелаксиран. За овие три години, многу парови одлучуваат да имаат дете, што дополнително ги зајакнува нивните односи.
За трета година од бракот велат дека е најсреќна. Паровите обично имаат две плати, договараат место каде што ќе растат нивните деца, се многу оптимистични…
Експертите велат дека во овој период започнуваат посериозните проблеми. Децата се мали и знаат многу да ги исцрпат родителите, поради што партнерите знаат да се дистанцираат, да се караат… Тешко е да се помират сите работни и домашни обврски, па затоа има голем стрес во бракот. Тој исто така страда и сексуалниот живот.


Секоја трета личност во брак изјавила дека не се чувствува сакано, а секоја петта искрено признала дека има денови кога жали што стапила во брак.
Патем, токму во петтата година од бракот двојките најчесто иницираат тужби за развод. Токму затоа таа година е најкритична во врската.
Ако партнерите ја преживеат петтата година од бракот и останат во врска, тогаш влегуваат во многу комплициран период. Семејниот живот до седмата година станува рутина. Честопати има расправии за финансиите, околу децата, поделбата на домашните работи и други одговорности.
Експертите велат дека ако бракот не се распадне тогаш, големи се шансите да заедно да ја дочекате староста.
Тие исто така советуваат како да се одржи чувството на среќа во љубовната врска:
зборувајте за сè
компромисот е важен
работете на бракот
не се откажувајте од врската премногу лесно
немојте да си легнувате скарани
бидете стрпливи
слушајте се еден со друг
бидете искрени
имајте почит еден за друг
бидете толерантни
имајте реални очекувања
правете некои работи заедно

loading...