Овие естетски операции можат да предизвикаат сериозни компликации

Пластичната хирургија овозможува брзи трансформации на телото, меѓутоа не треба да заборавиме дека секој естетски зафат со себе носи ризици и компликации.
Еве кои се најчестите операции кои ги изведуваат хирурзите и кои се можните последици од истите:


Бразилско подигнување на задникот
Станува збор за многу популарен зафат кај жените кој за жал го изведуваат недоволно квалификувани медицински работници.
Зафатот вклучува вбризгување на маст во пациентот или некоја друга суровина за да се добие посакуваниот ефект. Без оглед што се користи, главниот ризик е начинот на кој се дава инјекцијата. Постојат големи крвни садови кои се наоѓаат длабоко во мускулната регија, а често инјекциите продираат предлабоко што може да предизвика нивно пукање. Уште поголем ризик е доколку содржината од инјекцијата навлезе во крвотокот и циркулаторниот систем бидејќи со тоа потенцијално се предизвикува смртоносна белодробна емболија.


Липосукција
Доколку сакате одеднаш да изгубите многу масти, липосукцијата делува како едноставно решение, но и таа носи свои ризици.
Оваа процедура може да доведе до дехидратација на организмот и евентуално до хиповолемичен шок. Во зависност од тоа како се одвива процедурата, постои и потенцијал за губење на крв.
Затегнување на стомакот (абдоминопластика)
Можеби отстранувањето на сало од стомакот изгледа едноставно, но реалноста е сосема поинаква. Закрепнувањето од оваа операција може да биде многу опасно бидејќи е важно некое време да бидете неподвижни. Доколку пациентот има нагли движења, може да дојде до создавање на крвни згрутчувања кои можат да навлезат во белите дробови.
Ризикот е уште поголем кај постарите и подебелите лица.
Течни силиконски инјекции
И оваа процедура често е изведувана од страна на неквалификуван кадар – на штета на пациентот. Течниот силикон може да предизвика згрутчување и инфекции кои тешко се лекуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.