Овие намирници и состојки ве тераат да јадете повеќе од вообичаеното

Loading...

Некои намирници нема да ве задоволат долгорочно, но тешко е да им одолеете. Токму таквата храна е пречка за секој што сака да посвои здрави навики, да ја промени својата исхрана и да направи нешто добро за себе и за сопственото здравје.
Сепак, ова не е она за што се сомневате – колачи, чоколадо или слатки. Нутриционистката Тамара Вилнер откри дека некои неочекувани намирници ги хранат вашите лоши навики, а меѓу нив има и сосови, супи и плочки од житни култури.


Но, прво треба да разјасниме зошто на некои намирници не можеме да им одолееме:
„Кога јадеме храна со одреден вкус, нашите пупки за вкус на крајот се навикнуваат на тој вкус и таквата храна ни станува досадна. Но, нашиот систем може да се измами кога внимателно се планира односот на сол, маснотии и шеќер. Во тој момент, постојано копнееме за повеќе, па дури и ако телото не сигнализира да престанеме да јадеме, не можеме да се спротивставиме“, изјави Тамара.
Која храна го стимулира копнежот за лоша исхрана?
Кога земате сос од домати, супа или исечен леб од полицата, обрнете внимание на состојките.
„Многу луѓе избегнуваат бисквити, колачи, сладолед, мафини, чоколади и слатки, но овие три работи се најчестите предизвикувачи“, предупредува нутриционистот.
Покрај супи, сосови и леб, треба да бидете внимателни со преливи и енергетски плочки од житарки, затоа што овие намирници обично содржат комбинација на шеќер, маснотии и сол што ја стимулира желбата.
Вилкинсон сугерира да јадете разновиден и балансиран оброк, да обрнете внимание на внесот на храна и да спиете доволно затоа што дури и недостатокот на сон може да активира зголемена желба за висококалорична храна која му штети на телото.

loading...