Овие намирници ја подобруваат вашата концентрација и го олеснуваат учењето

Со оглед на тоа дека започна новата учебна и академска година, неопхдно е да бидеме многу сконцентрирани.
Покрај тоа што концентрацијата ни е потребна за учење, неопходна е и за работа, па затоа од помош можат да ни бидат намирниците кои влијаат на зголемување на концентрацијата и ја подобруваат работата на мозочните клетки.
Голема грешка која многумина ја практикуваат е она кога во периодот кога мозокот мора премногу да работи, не јадат доволно или не се хранат здраво. Брза храна, слатки, сланина и месни производи, како и енергетските газирани напитоци, во никој случај не се добар начин за подигање на енергијата. Не само што се лоши избори кои долгорочно може да го оштетат здравјето, туку таквата исхрана може да влијае и на неуспех на испит.


На мозокот му е потребна многу голема количина на храна, која е богата со витамини како што е Б6, кој го забрзува памтењето, витамин Е, кој спречува замор на мозокот и витамин Д, кој ја забрзува работата на мозокот. Сите овие неопходни компоненти, можете се содржат во следните намирници.
Сина риба
Туна, сардини и скуша се најздравите риби, бидејќи се богати со протеини и омега 3 масни киселини, кои се неопходни за правилно функционирање на мозокот. Харингата и пастрмката се одлични опции, но наједноставен и најевтин оброк е оној кој содржи јаглехидрати, витамини и протеини, како две сардини и две кришки леб од бело зрно.
Јајца
Пржени или варени јајца се здрава и добра храна за мозокот, но и одличен начин да го започнете денот. Јајцето содржи витални хранливи состојки и тоа 6 грама белковини, витамин Б12 и помалку од 100 калории, што зависи од начинот на подготовка.
Зелен зеленчук
Кељ, спанаќ, брокули – зеленчукот од темно зелени листови е моќен извор на витамин К, кој помага во функционирањето на мозокот, а има и многу антиоксиданси. Со консумирање зелен лиснат зеленчук, во телото ќе внесете витамини Б6 и Б12, кои ја зголемуваат будноста и меморијата.
Зелен чај


Консумацијата на кофеин на краток рок може да биде корисна. Премногу кофеин од друга страна може да влијае на фокусот, и може долгорочно да ве исцрпи. Освен кафето, извор на кофеин има и во зелениот чај, кој покрај тоа е богат со антиоксиданси.
Овошје
Ако имате недостаток на шеќер, оној во свежото овошје е многу покорисен од тој во чоколадата. Се смета дека темните плодови, како што е боровницата, содржат повеќе антиоксиданси, но ќе осетите разлика од користење на било кое овошје. Банани, портокали, киви…
Здрави грицки
Нервозата пред испит некогаш е толку голема, па посегнуваме по грицки. За среќа постојат и здрави грицки, богати со влакна, витамини, протеини и антиоксиданси. Јаткастите плодови го штитат мозокот од конгитивен пад, а сувото овошје е богат извор на влакна, антиоксиданси и фолна киселина. Покрај тоа, содржи и витамин Б. Одлично е тоа што овие грицки можете да ги носите секогаш со вас.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.