Овие работи не сте ги знаеле за Карлеуша: Нејзината прабаба била грофица, вегетаријанка е, никогаш не пробала…

Иако речиси најмногу пати во изминатиот период се најде на насловните страници во Србија, таа е музичка ѕвезда која секогаш одново ја интригира јавноста и за чиј живот постојано нешто ново се открива.
Некои предрасуди за себе Карлеуша ги „откри“ при нејзиното гостување во „Ѕвездите на Гранд специјал“, кога меѓу останатото откри дека е вегетаријанка, дека никогаш не јаде благо, дека не пие кафе и дека нејзината прабаба била грофица.
Овие десет работи најверојатно не сте ги знаеле за Јелена Карлеуша:

1.Кога имала 11 години измериле дека има IQ преку 150.
2.Завршила музичко училиште и знае да свири флејта.
3.Како дете има пеено во Народниот театар во операта Борис Годунов
4.Нејзината прабаба, по мајка, била австриска грофица Марија Вон Дајц, која има своја улица во Грац.
5.Имала два царски реза за година дена и два пати се породила на ист ден и во исто време.
6.Не јаде благо. Никогаш во живот не пробала торта или колач.
7.Вегетаријанка е и не јаде месо. Најмногу сака бел лук и праз.
8.За себе вели дека е најмлад случај на кој му дијагностицирале мигрена во Србија. Заради тоа често користи комбиниран прашок.
9.Првиот албум „Огледалце“ го снимила на неполни 16 години и беше продаден во 100.000 примероци.
10.После видео-записот за песната „Слатка мала“ во кој игра со тројца трансвестити го доби статусот геј икона.

Loading...