Овие семки ја спречуваат појавата на рак, инфаркт, стареење на клетките и многу други болести

Loading...

Семкитe од грозје се неопходни во спречувањето на голем број болести. Ќе бидете изненадени кога ќе откриете колку се здрави. Екстрактот од семки од грозје содржи концентрирани супстанции кои се многу ефикасни кога станува збор за заштита на крвните садови, зајакнување на капиларната мрежа, спречување оксидација на маснотиите и заштита од срцев удар. Покрај тоа, екстрактот од семки од грозје го намалува ризикот од развој на проширени вени и ги штити вашите очи затоа што спречува дегенеративни промени во макулата и појава на катаракта.
Овие семки ја спречуваат појавата на рак, инфаркт, стареење на клетките и многу други болести
Грозјето и неговите семки се одличен антиоксидант, десетпати подобар од витамините Ц и Е, што значи дека тие го штитат вашето тело од слободните радикали кои предизвикуваат болести како што се ракот, но, исто така, ја потпомагаат детоксикацијата, односно отстранувањето на токсините од организмот.


Семките од грозје ги имаат следните својства:
1. Спречуваат оштетување на клетките предизвикани од слободните радикали, зрачење, разни хемикалии и штетни агенси.
2. Ги штитат срцето и крвните садови – спречуваат појава на атеросклероза и формирање тромб.
3. Го намалуваат нивото на холестерол.
4. Ја намалуваат можноста од појава миокарден инфаркт.
5. Ги зајакнуваат ослабените крвни садови кај проширените вени, ги намалуваат отокот и воспалението.
6. Го намалуваат оштетување на градбата на очите – макуларна дегенерација и катаракта.
7. Помагаат во регулирање на шеќерот кај дијабетичарите и намалување на компликациите што ги предизвикува дијабетесот.
Научниците и кардиолозите објаснуваат дека можноста за појава на инфаркт се намалува со редовно консумирање црвено вино, кое е богато со полифеноли, флавоноиди и проантоцијанидини, кои имаат основна улога во заштитата на кардиоваскуларниот систем.
Бојата на грозјето ја даваат пигментите проантоцијанидини, кои се одговорни за поголемиот антиоксидантивен ефект на црните и црвените сорти грозје во споредба со белото грозје. Се смета дека црвеното вино содржи десетпати повеќе флавоноиди отколку белото вино. Сепак, истражувањата потврдуваат дека белото вино има исклучително високи антиоксидантивни својства и затоа игра важна улога во спречувањето на некои други болести.

loading...