Овие трикови мора да ги знаете за полесно да се снаоѓате во кујна

Loading...

Доколку постои некој од кој можат да се научат вредни совети за примена на храната тогаш тоа секако дека е популарниот готвач Гордон Ремзи.
Ова се 10 совети од Гордон Ремзи кои на секому ќе му бидат корисни во неговата кујна:
1. Прилагодете го мелникот и контролирајте ја количината бибер
Мелникот за мелење бибер на средината има матица која може малку да се олабави или пак да се затегне, во зависност од тоа дали сакате биберот да биде поситен или покрупен. Покрупниот бибер најчесто се користи за месо додека пак поситниот за чорби и сосови.
2. Кога користите самолеплива фолија за пакување, натопете ја даската
Кога користите самолеплива фолија за пакување месо или зеленчук, прво малку натопете ја даската за сечкање за на неа да се залепи фолијата.


3. Како од лимонот да извлечете повеќе сок
Ставете го лимонот на некоја подлога, притиснете го и тркалајте го со рака затоа што тоа ја разредува неговата внатрешност па на крајот ќе може полесно да го исцедите. Овој трик делува и кај лиметата која потешко е да ја исцедите.
4. Кога користите фолија, сјајната страна завртете ја однадвор
Доколку не сте знаеле, алуминиумската фолија има две страни. Мат страната подобро ја изолира топлината па храната би требало да ја допира таа страна додека пак сјајната страна треба да биде свртена однадвор.
5. Не кинете лист по лист од першунот
Ставете го першунот наопаку и поминете преку него со остар нож по листовите. Така ќе успеете да скинете повеќе лисја и секако побрзо отколку да кинете лист по лист.
6. Кивите излупете ги со лажица
Пресечете ја кивата на половина, па со лажицата повлечете помеѓу лушпата и “месото“ и одвојте ги едно од друго.


7. Лукот е полесно да го сечкате со малку сол
Солта делува како абразив и помага хранливите влакна на лукот да се разредат па корисно е да го посолите кога ќе посакате да го сечкате.
8. Пред да го изрендате сирењето ставете го во замрзнувач
Тоа ќе го направи да биде потврдо и со тоа ќе ви биде полесно да го изрендате.
9. Измијте ги рацете
Доколку некогаш сте сечкале лути пиперки па потоа случајно сте се протриле со рацете по очите тогаш знаете дека таквото искуство не е добро. За да се ослободите од лутината треба да ги измиете рацете со лимонов сок.

loading...