Овие трикови сигурно не сте ги знаеле: За што можете да го користите шампонот освен за миење на косата?

Loading...

Примарната функција на шампонот е за одржување хигиена на косата и темето на главата. Меѓутоа, постојат и некои негови скриени функции за кои сигурно не сте знаеле.
Иако постојат мал милиони врсти на шампони, од кои секој има некоја своја функција покрај волумен, првут или нешто друго, сите заедно можат да се користат во следниве ситуации:
ЧИСТЕЊЕ НА ЧЕТКИТЕ ЗА КОСА
Четката за коса не ви е доволно чиста? За да ја исчистите наполнете чаша вода и во неа ставете шампон. Потоа, ставете ја четката за коса во неколку минути внатре. После тоа измијте ја добро.
КАКО ПЕНА ЗА БРИЧЕЊЕ
Доколку немате при рака пена за бричење, употребете шампон, зошто тој е подобар од користење било каков сапун.
ПОВРАТЕТЕ ЈА ФОРМАТА НА ЏЕМПЕРОТ КОИ СТЕ ГО УНИШТИЛЕ ВО МАШИНА
Понекогаш на луѓето им се случува омилениот волнен џемпер да се собере при машинско перење. Доколку сакате да го решите овој проблем, во врела вода ставете шмапон, а потоа спуштете го џемперот во неа. Оставете го да отстои 15 минути, па потопете го во чиста вода.
После сето ова, мотајте го во крпа и полека со прстите враќајте го во првобитниот облик.
ЛЕСНО ВАДЕЊЕ НА ФЛАСТЕР
Не успеавте да го извадите фластерот од кожата зошто се исушил и цврсто се залепил? Намачкајте преку него малку шампон, такашто ќе го извадите без болка.

loading...