Овие три трикови ќе ви помогнат да заспиете во рок од 10, 60 или 120 секунди

Loading...

Повеќето луѓе денес се борат со несоницата, но за среќа постојат трикови кои ќе ви помогнат да заспиете во рок од само неколку секунди или минути.
За таа цел, порталот “BrightSide” направи листа од три трикови со кои би требало да заспиете во рок од 10, 60 или 120 секунди.
10 секунди
Затворете и опуштете ги очите, опуштете го целото лице и длабоко и бавно вдишете. Опуштете ги рамената најниско што можете пред да го опуштите горниот и долниот дел од едната рака, а потоа и другата. Почнете со доминантната страна (ако сте деснак, најпрвин опуштете го десното рамо). Издишете, опуштете ги градите, а потоа лесно опуштете ги и нозете, почнувајќи од колковите. Опуштете се и пробајте да ги испразните мислите на 10 секунди. Ако не успеете од првиот обид, пробајте повторно.Целата вежба трае околу 120 секунди, но последните 10 секунди се клучни и во тој период би требало да заспиете.


60 секунди
Прво раздвојте ги усните и длабоко издишете преку уста. Потоа затворете ги усните и лесно вдишете преку нос, при што ќе броите до 4. Потоа длабоко издишете. Користејќи ја оваа метода би требало да заспиете во рок од една минута.
120 секунди
Постојат две методи: првата метода е метода на обратна психологија според која треба да си говорите: “Немој да заспиеш, немој да заспиеш…”. Ова би требало да ја намали анксиозноста и фрустрацијата поради несоницата и да ви помогне побрзо да заспиете.
Втората метода е метода на мирно место. Според ова, треба да си го замислите своето “среќно место”, место кое ве асоцира на позитивни работи. Во текот на таа замисла би требало да заборавите на проблемите и стресот и на крај да заспиете во рок од неколку минути.

loading...