Овие чевли чинат колку луксузен стан во центарот на Скопје: Кога подобро ќе ги погледнете, ќе ви стане јасно зошто се толку скапи

Loading...

Британскиот дизајнер Кристофер Шелис претстави нова колекција на чевли кои изнесуваат 116.000 евра.
Не е никакво чудо што толку вредат, бидејќи се украсени со злато и дијаманти со разни големини, а најголемиот дијамант има 18 карати.


Кристофер ѝ е познат на јавноста по најскапиот ремен на светот. Имено, дизајнерот одлучил да креира луксузен ремен кој изнесува неверојатни 65.000 евра, а истиот е осмислен да биде формален аксесоар кој ќе се носи на специјални настани и во текот на посебни пригоди.
Како што тврди Шелис, во 2015 година Бијонсе купила чевли од неговата колекција, за кои издвоила 312.000 евра и кои биле украсени со дури 1310 дијаманти.


Новата колекција на чевли е резултат на 3-годишна работа и труд, а Кристофер е среќен што тие конечно ја виделе светлината на денот.
„Секој чевел е внимателно изработен. Врвките се украсени со платина, а самите чевли со внимателно одбрани дијаманти. Пресреќен сум што наскоро ќе бидат во продажба“, изјавил дизајнерот.
Покрај ремени и чевли, Шелис дизајнира и машки јакни, а инспирацијата ја пронаоѓа во „златната ера“, односно кога Елизабета Прва владеела со Англија.


„Тоа е период на беспрекорен стил. Сите дворјани се натпреварувале околу наклонетоста на кралицата, облечени во најубава облека“, заклучил модниот дизајнер.

loading...
Loading...