Овие 10 намирници никако не смеете да ги подгревате во микробранова печка: Можат да бидат канцерогени

Микробрановата печка за многумина е спас во домаќинството, особено тогаш кога е потребно да се приготви нешто набрзина или пак нешто да се згрее. Сепак некои намирници едноставно не смеете да ги ставате во неа, особено овие 10.
1. Тврдо готвено јајце
Наглиот раст на температурата во микробрановата печка создава големо количество пареа во јајцето која нема од каде да излезе па јајцето може да експлодира. Многу е веројатно јајцето да не експлодира внатре во микробрановата печка туку тогаш кога ќе го извадите оттаму. За да избегнете вакво сценарио треба да го исечете јајцето на парчиња пре да го ставите во микробрановата печка или пак воопшто немојте да го ставате внатре.
2. Мајчино млеко
Многу мајки го чуваат своето млеко за подоцнежна употреба, што е добро, но тоа никогашне треба да се загрева во микробранова печка затоа што топлината нерамномерно може да се распореди и доаѓа до создавање на големи врели точки па бебето може да се изгори. Наместо тоа загрејте го млекото во топла вода.
3. Месни производи
Тие во себе содржат хемикалии и конзерванси кои го продолжуваат рокот на траење, а загревање на тие состојки ги прават производите да бидат уште понездрави.


4. Ориз
Според Британската агенција за храна греењето на оризот во микробранова печка може да доведе до труење. Незготвениот ориз во себе содржи бактерии кои може да преживеат кога се приготвува оризот во микробранова печка.
5. Пилешко месо
Најважната работа која треба да ја знаеме за микробрановата печка е тоа што нивната топлина не ги убива секогаш бактериите затоа што овие рерни го греат јадењето само однадвор. Поради тоа храната која е подложна на бактерии во микробрановата печка има поголема шанса за развој на бактерии.
6. Листовиден зеленчук


Спанаќот и другиот зеленчук од тој вид може да содржи висока концентрација на нитрат. Иако самиот по себе нитратот е безопасен, неговата шанса да премине во нитрозамин што се случува во микробрановата печка делува канцерогено.
7. Цвекло
Истата работа се случува како кај спанаќот.
8. Лута пиперка


Доколку ги ставите во микробранова печка тогаш лутите пиперки ќе испуштат капсаицин (хемикалијата која им ја дава лутината), но во воздухот. Таа хемикалија може да предизвика проблеми со очите и дишењето.
9. Овошје
Овошјето како што е јаболкото, праските, грозјето не испуштаат вишок влага додека се “готват“ во микробранова печка. Затоа доколку веќе морате овошјето да го ставите во микробранова печка тогаш направете мали дупчиња на самата кора или пак преполовете го овошјето.
10. Компир
Проблемот со компирот не е во самото подгрејување туку во начинот на складирање по неговата подговтовка. Доколку компирот се чува на собна температура, а не во фрижидер тогаш се создаваат иделани услови за развој на бактерии кои предизвикуваат ботулизам, а особено доколку компирот е ставен во алуминиумска фолија и нема допир со кислород.

Loading...