ОВК се оградува од прославата на годишнината од независноста на Косово

Loading...

Организациите на припадниците на расформираната Ослободителна војска на Косово (ОВК) соопштија дека се повлекуваат од сите активности за одбележување на петгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово, со која раководат косовските институции, објави Коха диторе.„Се исклучуваме од овие активности, не по своја волја, туку сме присилени бидејќи државните институции ги заобиколуваат оние кои со својот труд, жртви, делови на своите тела и животи се најзаслужни за прогласувањето а независноста на Република Косово“, се вели во соопштението на ветераните на ОВК.Притоа се наведува дека било предвидено во маршот за петгодишнината на независноста на Косово, заедно со припадниците на безбедносните сили на Косово да учествуваат и ветераните на ОВК, но дополнително било одлучено борците на ОВК да не бидат дел од маршот.Таквата одлука покажува подреденост на институциите кон меѓународната заедница и дека ОВК им е трн во око, се додава во соопштението.Здружението на воени ветерани одлучило денот на независноста да го одбележи самостојно, вон институциите.На Косово на 17 февруари се одбележува петтата година од прогласувањето на независноста, која Србија не ја признава.Косово досега го признале над 90 држави, но не и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Русија и Кина. Приштина ја признаа 22 од 27 членки на ЕУ.
МакфаксОрганизациите на припадниците на расформираната Ослободителна војска на Косово (ОВК) соопштија дека се повлекува

loading...