Овошен колач со банани и пишкоти: Кремасто и сочно уживање

Loading...

Овој овошен колач со банани, пишкоти и кремаст фил е идеален за жешките, летни денови.
Речиси сите состојки ги имате во домот, па ако ви се појават изненадни гости, секогаш можете да го подготвите овој прекрасен десерт кој ќе воодушеви секого.
Дополнителен плус кај овој колач е што не се пече.
Потребни состојки:
– 200 гр. пишкоти
– 200 мл. млеко
– 2 банани
За фил:
– 550 мл. павлака за готвење
– 200 гр. шеќер во прав
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 20 гр. какао во прав

Начин на подготовка:
1. Потопете ги пишкотите во млеко, па наредете ги во тепсија.
2. Изматете ја павлаката со шеќерот во прав и екстрактот од ванила и ставете половина од смесата врз пишкотите.
3. Врз смесата наредете исечкани банани, па додајте ја и втората половина од филот.
4. Врз филот наредете уште еден ред пишкоти, па наросете со какао во прав.
5. Ставете го колачот во фрижидер 1 час да се стегне.

loading...
Loading...