Овошен колач со кисела павлака

Loading...

Изненадувачки колку освежителен и вкусен колач!

Состојки:
  • 300 гр бисквити

За прв дел

  • 200 гр кисела павлака 20% масленост
  • 100 гр чоколаден крем
  • 1 банана

За втор дел

  • 150 гр кисела павлака
  • 5 лажици шеќер
  • 150 гр јагоди

За украсување:

  • 100 мл слатка павлака
  • јагоди за украсување
  • 100 мл млеко за потопување на бисквитите

Подготовка:

За подготовка на првиот фил ги мешаме со лажица чоколадниот крем и киселата павлака. За вториот фил ги мешаме со лажица киселата павлака и шеќерот.

Бисквитите многу кратко ги топиме во млеко, значи само ги ставаме во млекото и веднаш ги вадиме. Вака е за да кога ќе ги редиме во садот да не ни се лизгаат, а тие ќе си примат влажност од филовите.

Редиме бисквити, чоколаден фил, тенки кругови од банана, а потоа пак бисквити, бел фил, тенки кришки јагода, пак малку од белиот фил, да ги пополни празнините, пак бисквити, чоколаден фил, кругови банана.

На крајот бисквити и една лажица од белиот фил. Оставаме да се стегне во фрижидер, па потоа украсуваме по желба.

 

loading...