Овошен колач

Loading...

4 јајца
200 г маргарин
150 г шеќер во прав
1 прашок за печиво
кора од лимон
1 ванилин шеќер
400 г брашно
1 шолја млеко
600 г рендани јаболка
шеќер за јаболката по желба
100 г мелени ореви
200 г замрзнати малини
1 кесичка цимет
Изматете ги јајца со шеќерот, додадете го омекнатиот маргарин и мешајте додека не се направи пена. Додадете ја кората од лимон, брашното со прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и околу 150 мл млеко. Добро измешајте ги состојките.
Изрендајте ги јаболката и ставете шеќер по желба. Потоа додадете ги циметот и мелените ореви, и промешајте. Половина од смесата ставете во намресена и набрашнета тава. Нанесете половина од малините и ренданите јаболка. Потоа повторно додадете од малините и преостанатата смеса. Печете 40 минути на 200 степени.

 

loading...