Овошен сладолед со кисела и слатка павлака

Loading...

Состојки
250 гр. овошје (малина, капина, боровница, шумско )
250 гр. шекер
160 гр. кисела павлака
125 мл. слатка павлака

– Овошјето кое сте го одбрале заедно со шекерот со процесор изработете го колку да се стопи шеќерот, потоа додадете ја киселата павлака, го процесирате за да се спои павлаката и да не останат грутчиња од истата, да биде кремасто.
– Изработете ја павлаката до меки врвови, додадете кај предходната смеса и со шпатула добро промешајте или со миксер но само кратко време за да не се премати павлаката.
Соберете во сад и правец замрзнувачот. Одличен е…
Јас го правев со малини.
Наместо слатка павлака може да изработите едно пакетче шлаг пена и истата ја додадете во предходно приготвената овошна смеса… Понатаму само да почекате да се стегне..па уживајте. Додека го чекав времете за да се направи сладоледот – неколку пати пробркував со лажица за да се спречи кристализирањето.

loading...