ОВОЈ РУЧЕК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА 5 МИНУТИ

Секој сака брзи и лесни рецепти, особено во работните денови. Овој рецепт е навистина одличен, бидејќи е брз, лесен и евтин.
Сѐ што треба да направите за овој ручек е да ги измешате сите состојки и да ги ставите во рерна. Оваа печена паста одлично оди со зелена салата, што е добар избор бидејќи сега има многу млади салати на пазарот.
Состојки:
500 гр шупливи тестенини
1 л млеко
540 мл павлака
4 јајца
1 прашок за пециво
шунка или сланина
180 мл јогурт
сол
Подготовка:
Изматете ги состојките за преливот
Млекото, павлаката, јогуртот, јајцата, прашокот за печиво и солта убаво измешајте ги.
Подгответе ги тестенините
Ставете ги суровите тестенини во подлабок сад за печење претходно намачкан со путер.
Додадете шунка или сланина
Додадете сечкана варена шунка или сланина во суровите тестенини, измешајте.
Посипете со прелив
Прелијте ги тестенините со претходно подготвениот прелив. Преливот прелијте го со малку масло.
Ставете во рерна
Подготвените тестенини ставете ги во загреана рерна и печете ги на 200 степени 40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.