Огонек гостува во Капан Ан

Loading...

Во сабота, во Капан Ан ќе настапи бугарскиот диџеј и продуцент Огонек.

Валери Шолевски а.к.а Ogonek е најблискиот соработник на Иван Шопов (Balkansky), со кого ја предводи бугарската DnB продукција повеќе од деценија. Представник е на мрачниот, цврст и енергичен Drum'n'Bass – неговиот стил жанровски асоцира на Hardstep, Technoid и Crosbreed. Ogonek е истакнат член на Hard Music and Sounds United (HMSU)- една од најмоќните DJ асоцијации во Југоисточна Европа.
Основач е на Metafiziq Recordings, за која издаваат имиња како: Counterstrike, Cooh, Dub Elements, Gancher & Ruin, Kaiza, The Sickbrotherz.
 
Редовно настапува низ Европа, но премиерно се представува на македонската публика.
 
„Очекувајте инспириран настап, со загарантирани брутални битови и абразивни музички текстури.Лошото дете на драменбејсот доаѓа во Скопје”, соопштија организаторите.
 
Атмосферата ќе ја загреат домашните диџеи Ogie и Hypertech.
 
Додека настапуваат диџеите, на видео-бимот ќе бидат проектирани видео клипови и анимации креирани лично од Ogonek.
 
Капан Ан ќе почне да се тресе на полноќ, а влезницата чини 150 денари.
 
Гостувањето на Ogonek се реализира благодарение на MJM – Macedonian Junglist Movement, а на иницијатива на Скопје Вавилон – нова форма на активизам, која обединува креативни умови и стимулира активности за одржување и унапредување на културниот живот на Скопје.
 
Помогнато од Културно-информативен центар на Р. Бугарија во Р. Македонија.
Макфакс
Во сабота, во Капан Ан ќе настапи бугарскиот диџеј и продуцент Огонек.

Валери Шол

loading...