Ограбени три аптеки во Скопје за два дена!

Loading...

Ограбени три аптеки во Скопје за два дена!

МВР во своите билтени извести дека од 27 март до денеска во Скопје се извршени три кражби во аптеки, при што се одземени пари и производи.

Во текот на вчерашниот ден околу 8:30 часот во аптека на улица „Борис Сарафов“ била извршена тешка кражба. Вработениот И.Х. (66), од скопско село Љубин, бил на своето работно место во аптеката кога се случил грабежот и веднаш потоа ја повикал полицијата. Извршен е увид и е констатирано дека непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари.

Ден претходно се случиле два грабежи на аптеки во речиси исто време од денот, првата во 11:05, а втората во 11:40 часот. Првата кражба се случила во аптека во трговски центар на булевар „Партизански одреди“, а втората се случила половина час подоцна во аптека во трговски центар на булевар „Јане Сандански“.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ИЗДВОЕНИ ОД УРЕДНИКОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...