Одземен пратеничкиот имунитет на Груевски

Денеска Собранието со 62 гласа „За“, едногласно одлучи да му се одземе пратеничкиот имунитет на Никола Груевски. Ако биде екстрадиран во Македонија, Никола Груевски, или на некој друг начин стане достапен за органите на прогонот, ќе треба да оди во притвор.
На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...