Одличен е за бубрезите, го чисти респираторниот тракт: чајот од БОСИЛЕК е многу корисен!

Loading...

Босилекот содржи магнезиум, манган, калиум и железо
Иако ни е на дофат, ние често го занемаруваме фактот колку всушност е здрав босилекот.
Чајот од босилек е особено здрав и се користи за ублажување на инфекции и воспалителни процеси во организмот.
Овој зеленко содржи камфор, минерални соли, растителни влакна, есенцијални масла и многу друго. Покрај тоа, богат е со витамини А, К, Ц и Б6; а од минералите содржи магнезиум, манган, калиум и железо.
Најважните лековити ефекти на чајот од босилек се:
против болка во мускулите.
спречување на болести на дигестивниот систем.
кај проблеми со бубрезите, мочниот меур и урината.
против несоница и хроничен замор, главоболка.
кај настинки, грип, бронхитис, астма.
кај проблеми со кожни болести.
спречува разни инфекции.
Чај од босилек за кашлица


Чајот од босилек е погоден за проблеми со респираторниот систем, кашлање и исфрлање на слуз. Воспалението на органите за дишење доведува до кашлање, кое честопати може да биде напорно и непријатно.
Чајот од босилек може да ги исчисти бронхиите и да помогне во исфрлање на слузта што ги иритира дишните патишта. Значи, чајот од босилек смирува кашлица и постепено, со редовна употреба на чај, кашлицата престанува.
Чај од босилек за синуси – вдишување
Повеќето луѓе често имаат проблеми со кивање, синуси и затнат нос, без разлика дали станува збор за алергиска реакција или воспалителен процес.
Чајот од босилек успешно се користи за инхалација, и тоа на следниот начин:
Ставете две лажици сушен босилек во литар врела вода и оставете го покриен 5 минути. После тоа, започнете да вдишувате со ставање на лицето во позиција над садот за чај, покријте ја главата со крпа и длабоко вдишете.
Возрасните можат да вдишат неколку минути, а децата само 2-3 минути. Доволно е да се повтори постапката 2 пати во текот на денот.

loading...