Одличен избор за претстојната сезона на јагоди: Пробајте Рафаело топчиња со омиленото овошје

Топчињата со вкус кој потсетува на Рафаело, но имаат овошен пресврт, се одличен избор за претстојната сезона на јагоди.


Не можете да погрешите со овој рецепт бидејќи сите знаеме дека јагодите и белото чоколадо се секогаш добра комбинација.
Состојки:

  • 200 гр. сечкано бело чоколадо
  • 100 мл. шлаг
  • 100 гр. кокосово брашно
  • 50 гр. крем сирење
  • 5 јагоди со средна големина
  • 50 гр. кокосово брашно
    Подготовка:
    Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на ситни парчиња. Загрејте го крем сирењето на средна температура додека не зоврие, па прелијте го со сечканото чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
    Измешајте ги кокосовото брашно и крем сирењето и покријте со пластична фолија. Смесата се става во фрижидер 1 час.
    Со лажичка направете топче од смесата, израмнете ја и во средината ставете парче јагода. Со раце формирајте топка и валкајте ја во кокосово брашно.
    Топчињата ставете ги во фрижидер и извадете ги 10 минути пред послужување.
    На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.