Одлични за мезе: Рецепт за брзи и солени стапчиња

Loading...

Овие брзи и лесни стапчиња се одлични за мезе, како и за грицкање додека уживате во омилениот филм или серија!
Одлични за мезе: Рецепт за брзи и солени стапчиња
Потребни состојки:
125 г маргарин
400 г брашно
2 јајца
1 лажичка сол
1/2 ќесичка прашок за пециво


Начин на подготовка:
Изматете го маргаринот со едно јајце и сол, додадете брашно и прашок за пециво.
Расукајте го тестото со сукало на набрашнета површина и премачкајте со другото изматено јајце.
Кога тестото станува густо, завршете го месењето со рака.
Посипете со додатоци по вкус и избор: ким, кари, оригано.
Потоа, тестото се сече на стапчиња и се реди во плех обложен со хартија за печење.
Печете кратко, петнаесетина минути, додека не поруменат.
Исто така е убаво да се попрскаат стапчињата со пармезан, но потоа да го направите тоа кон крајот на печењето.

loading...