Одлично освежување во топлите денови: Ледено чоколадно смути со кафе

Loading...

Кафето е омилениот пијалак на повеќето луѓе, а ако и вие спаѓате овде, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој рецепт.
Леденото чоколадно смути со кафе е одличен начин да се освежите во топлите летни денови, а неговата подготовка ќе ви одземе многу малку време.
Бидејќи станува збор за „ледено“ кафе, некои состојки ќе мора да отстојат во замрзнувач преку ноќ.
Потребни состојки:
160 ml кокосово млеко
120 ml ладно кафе
1 зрела банана, исечена и замрзната
1 1/5 лажица какао во прав
Мед, јаворов сируп или друг засладувач по вкус


Начин на подготовка:
Ставете го кокосово млеко во сад за мраз и оставете го да замрзне преку ноќ.
Излупете ја бананата и исечете ја на крукчиња и ставете ја во замрзнувач, исто преку ноќ.
Одвечер направете го и кафето и оставете го да се излади.


Во блендер ставете ги кафето, бананата, замрзнатото кокосово млеко, какаото и засладувачот и измешајте ги состојките.
Блендирајте ја смесата додека не стане кремаста. Ако е премногу густа додајте кокосово млеко или кафе.
Сервирајте во стаклена чаша и украсете го пијалакот со чоколадни трошки.

loading...