Одложен стартот на новата сезона во НБА лигата!

Loading...

Новата сезона во НБА кошаркарската лига нема да започне пред 25 декември, денес го известија управниот одбор челниците на лигата, пренесува американскиот портал „Атлетик“. 

Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за 1 декември, но како што се наведува, тоа нема да се случи пред Божиќ. Се додава дека НБА исто така ќе го премести драфтот за 2020 година, кој требаше да се одржи во јуни, но беше преместен за 16 октомври, а потоа за 18 ноември, поради панемидија со коронавирусот. 

Со поместување на нацртот од октомври во ноември, НБА и сојузот на играчи ќе имаат време да направат некои измени и дополнувања на колективниот договор и договорите за плата за сезоната 2020/21, пренесува ESPN. 

Тековната сезона во НБА, која беше прекината поради пандемијата  од март до јули, во моментов е во завршна фаза.

loading...