Одмаздата на Путин пристигна: Најмасовниот напад врз Украина се заканува да ја уништи најважната инфраструктура

Во тек е масовен руски напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала. Во целата земја е прогласена опасност од воздушни напади.

Како што предупредија украинските власти, во воздухот има 7 руски бомбардери Ту-22 и 6 бомбардери Ту-95. Крстосувачките ракети беа лансирани од воени бродови во Црното Море и воените авиони МиГ-31К, додека балистичките ракети беа истрелани од копнени фрлачи. Украинските хидроцентрали се цел на нападот, соопштија украинските власти.

Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина град во Украина, со еден милион жители.Како што предупреди украинската армија, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев. Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.

This morning, Russia is launching a massive missile strike on Ukraine. Tu-22M3, Tu-95MS bombers, and MiG-31 fighter jets are in the air. Most missiles are targeting western Ukraine. Due to the Russian attack on Ukraine, Poland is scrambling its combat aircraft. pic.twitter.com/sxNLevb7R2— KyivPost (@KyivPost) January 15, 2025

Полска крева борбени авиони, Русија цели на западна Украина

Полска стави борбени авиони во воздух додека Русите ја таргетираат западна Украина, која граничи со членката на НАТО.

Одмазда за вчерашниот напад на Русија?

Украинците на социјалните мрежи шпекулираат дека утринава масовниот ракетен напад врз Украина би можел да биде руска одмазда за вчерашниот голем напад со беспилотни летала на неколку руски области.

Да потсетиме, Украина вчера изврши неколку напади длабоко во Русија, која ја нарекува својата „најмасовна“ офанзива во досегашниот тек на војната. Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, погодени се складишта за муниција и хемиски фабрики во неколку региони, од кои некои се на стотици километри од границата.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.