Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека денеска е важен ден за грчката национална одбрана бидејќи Грција официјално е на пат да набави до 40 авиони Ф-35.
„Врз основа на писмото што го добив од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, беше нагласена и запечатена стратешката длабочина на грчко-американските односи“, рече Мицотакис, според Катимерини.
- ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работиМеган Маркл и принцот Хари се повеќе се појавуваат одвоено на јавни… Read more: ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работи
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозеЏастин Бибер се појави во црква со сопругата во преголеми папучи кои… Read more: Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозе
- Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војнаАко САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот… Read more: Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војна
- СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ„Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски,… Read more: СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Според него, во исто време, Грција ќе добие многу голем пакет опрема бесплатно, со што ќе се зајакнат сите три гранки на вооружените сили, како и крајбрежната стража на Грција.
„Тоа се фрегати, транспортери Ц-130, оклопни тенкови и возила, но и многу други одбранбени материјали кои нашата земја ги обезбеди на барање што лично му го испратив на претседателот (САД Џозеф) Бајден во мај 2022 година“, рече Мицотакис.
Тој посочи дека ова е резултат на методичен, тивок и долг напор, кој претставува комбинација на доследноста на Грција како сојузник на меѓународните фронтови и промоција на нејзините национални интереси.
Американскиот Стејт департмент претходно денеска го информираше Конгресот дека одобрил продажба на 40 ловци Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.