Одреден 30-дневен притвор за Катица Јанева

Loading...

Вечерва по петчасовен распит судија на претходна постапка на осомничената шефица на СЈО, Катица Јанева и одреди 30 дена притвор и таа вечерва ќе биде однесена во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари. Притворот и е определен како третоосомничена во истрагата за случајот “Рекет”, а таа преку нејзините адвокати има право на жалба  до Кривичниот совет.
Притворот е побаран од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување, и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”. Во притвор за “Рекет“ веќе се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

loading...