Од дебел млад човек до мускулеста ѕвезда: Тој тежеше над 200 килограми, а денес не би го препознале!

Loading...

Итан Сапли многумина го паметат како актер со неверојатна смисла за хумор, но и прекумерна тежина со која се бореше со години, сè до неодамна.
Американскиот телевизиски и филмски актер се прослави во сериите „Момчето го запознава светот“ и „Моето име е Ерл“ и тоа беше период кога сите го паметеа како млад човек со прекумерна тежина, но тие денови се далеку зад него, па денес некои не можат ни така лесно да го препознаат.
Имено, денес, 44-годишниот актер се посвети на поздрав начин на живот, па успеа да изгуби дури и повеќе од 80 килограми. На 24 години, тој тежеше повеќе од 200 килограми и неговата тежина варираше постојано, но тоа не го спречи да работи и да добива улоги во филмови како „Генерација Х“ или „Волкот од Вол Стрит“, но тогаш тој одлучи дека е време за промени. Дури на крајот на 2020-та година тој стана задоволен од постигнатото.


Итан тврди дека неговиот сегашен изглед е резултат на вежбање и правилна исхрана и дека се откажал од глад и разни диети затоа што немаат смисла и затоа што сака да ужива во своите оброци.
-Поминав скоро две децении прилагодувајќи се на различни диети и страдав. Бев успешен во тоа, брзо ќе ја достигнев целта, но ќе паднев многу брзо. Не страдам повеќе, го сакам својот живот, призна актерот.

loading...