Од денес сите угостителски објекти со работно време до 23 часот

Loading...

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Министерот за здравство, Венко Филипче, предупреди дека нема време за одлагање, ситуацијата со вирусот е сериозна. Тој апелираше мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, итно да се донесат.

 

loading...