Од женски агол: Како да ја направите позата 69 уште повозбудлива?

Loading...

Многу парови ја обожаваат оваа Камасутра поза затоа што им овозможува истовремено да пружаат и да примаат стимулативно задоволство.
Драги дами, ако вие и вашиот партнер сакате да ја практикувате позата 69, ви нудиме неколку совети како да ја направите уште повозбудлива!
Забавувајте се
Не ја доживувајте оваа поза како обврска и двајцата да доживеете оргазам истовремено. Не живееме во филмски свет и не треба да имате очекувања дека тоа ќе изгледа како сцена од порно филм. Ако единствената цел на сексот е да се постигне оргазам, целиот чин ќе стане многу пресметан и механички. Напротив, тој мора да биде исполнет со страст, импровизација и тотална опуштеност. Значи, првото правило на поза 69 е: забавувајте се!


Користете ги и рацете
Покрај јазикот и устата, користете ги прстите за да го зголемите задоволството за себе и за вашиот партнер. Истражете ги неговите ерогени зони, галете му ги тестисите и перинеумот и охрабрете го партнерот и тој да ве допира – на пример, додека ве задоволува орално, може да ја стимулира Г-точката со прстите.
Вклучете вибратор во играта
За да ја претворите оваа поза во нешто ново, можете да побарате од вашиот партнер да ве стимулира со вибратор, не само со јазик. На тој начин, чувството ќе биде поинтензивно, а оргазмот посилен.
Не фокусирајте се само на оргазмот
Она што ја прави поза 69 уникатна е дека сексот може да трае онолку долго колку што сакате. Не се натпреварува кој на кого ќе му пружи повеќе задоволство или ќе му овозможи порано да доживее оргазам. Затоа, не размислувајте премногу за оргазмот: ќе видите дека задоволството ќе биде поголемо и дека оргазмот потоа ќе биде уште понезаборавен.

loading...