Од какви жени бегаат додворувачите: 6 работи мажите ги одбиваат

Loading...

Многу луѓе ќе се сложат дека првиот впечаток за некоја личност во секој случај ќе зависи за понатамошниот однос, затоа што е важно да се знае што сé едно машко кое прв пат излегува со вас може да го наведе подоцна тој да ве избрише од својот именик. Еве ги коментарите на припадниците на посилниот пол за кои вреди да се размисли доколку сакате да ве повика на втор, трет состанок.
Не сака да ја плати сметката
Ме одвлекува кога девојката не се нуди да плати пијачка или вечера. Дури ни кога само сме излезени на кафе или на пуканки. Тоа би требало да биде нормален гест на учтивост, без разлика на тоа што веројатно повеќето машки не би прифатиле да плати девојката. Каде пишува дека јас неможам да бидам банкрот и каква е таа девојка која тоа воопшто не ја интересира. Тогаш се запрашувам за тоа колку е себична и од друг аспект на врската не би сакал повторно да ја повикам да излеземе.
Здодевна е
Мене ми е најважно девојката да има чувство за било каква авантура или истражување на непознатото. Тоа не значи дека треба да одиме на скокање со падобран, но зошто мораме прво да одиме на кафе. Ако приметам дека во ресторан одбира само обични јадења и дека не дели со мене доволна доза на хумор или да едноставно не е опуштена во мое друштво, тоа значи за мене лошо поминат состанок и најверојатно би го избришал нејзиниот број од именик. Замислете само каква е во долга врска ако е на првиот состанок толку здодевна.
Не води грижа за нејзината хигиена
Можеби звучи чудно, но ако почувствувам дека девојката нема свеж здив, воопшто нема повеќе да ме интересира, дури и да изгледа како Анџелина Џоли. Рацете кои не се негувани исто така може да ме одвлечат од неа. Тоа говори за нејзината нега и покажува многу за нејзиното чувство за чистота.
Само јас, па јас
Единствената причина која е полоша од жена која само молчи е жена која не затвора уста. Еднаш излегов со таква девојка и приметив дека воопшто не ја интересира ништо за мене. Толку зборуваше за себе, како нејзината лична промоција да и е животна преокупација. Иако дознав различни интересни работи за неа, во еден момент ми стана важно како можам да избегам од ресторанот во кој што седевме.
Невоспитана
Ако жената со која прв пат излегувам е пушач, ако приметам дека пцуе или дека косата и е несредена, ќе сметам дека не знае што е елементарно воспитување и хигиена и тоа ќе биде наше последно излегување. И за малку ќе заборавев- валкани нокти! Треба ли воопшто да го коментирам ова!?
Арогантна
Најлоши се девојките кои кога се излезени на состанок со некој дечко воопшто не се трудат да му го подигнат моралот. И тогаш забележувате дека особата со која излегле не им се допаѓа и не дозволуваат да се развие разговор и малку смеа. Зошто оваа вечер мора да пропадне. Таквите арогантни “дами” никогаш не би ги посакал во своето друштво.  
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многу луѓе ќе се сложат дека првиот впечаток за некоја личност во секој случај ќе зависи за понатамошниот однос, затоа што е важно да се знае што с

loading...