Од петок попладне нестабилно време со дожд и снег

Од петок попладне се очекува дестабилизација на времето. Во текот на викендот како и на почетокот на следната седмица максималните дневни температури на некои места ќе се искачат и над 10-тиот степен.
Се очекуваат локални, но слаби врнежи и тоа од дожд на пониските места и снег на планините. Услови за повремени слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина над 900 метри.
Минималните утрински и ноќни температури ќе бележат позначителен пораст и само понекаде ќе се спуштаат под нулата. На повеќето места ќе се движат околу нулата или малку над нулата. По одделни котлини можна е појава на магла.

Loading...