Од полноќ нова цена на горивата, малку повисока

Loading...

Регулаторната комисија за енергетика објави дека цената на Еуросупер-98 се зголемува за половина денар, и еден литар од вечерва на полноќ ќе чини 69.50 денари.
Цените на Еуросупер-95 и Еуродизел се зголемуваат за по еден денар.
Според најновата одлука на РКЕ 95-октанскиот бензин ќе чини 67.50 денари, а дизелот 62.50 денари.

loading...