Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Со последната промена минатата недела бензините поскапеа за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.


Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемија за 1,343 денари и килограм од тој енергенс чини 36,081 денар.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 2,35 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела. Регулаторна денеска напладне ќе ја соопшти одлуката, па останува да видиме дали нѐ очекува некаква промена на цените.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.