Од полноќ нови цени на горивата

Деведесет и пет октанскиот бензин поевтинува за половина денар, 98 октанскиот ќе се продава по иста цена, а Дизелот од полноќ ќе биде поскап за 0,5 денари. Ваква одлука утрово објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на својата веб страна.
Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС95 од полноќ ќе се продава за 66,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР БС(*98 останува по цена од 69 денари за еден литар, додека ДИЗЕЛОТ ќе чини 51,5 денари за еден литар.

 

Loading...