Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија од пред две седмици остана без мандат за регулација на малопродажните цени на нафтените деривати. Сега цените се одредуваат пазарно, односно секоја бензинска пумпа сама одлучува за колку пари ќе ги продава горивата. Е, па цената на дизелот драстично се покачува и ќе се продава за 2 денари поскапо, а бензините поскапуваат 1 денар. “Макпетрол“ ги објави цените на горивата по кои тие од полноќ ќе може да се набават на нивните бензински пумпи.

– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;

– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;

– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;

– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;

– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.