Од септември можно е вакциналниот сертификат да биде задолжителен за влез во кино, натпревар..

Loading...

Започнувајќи од септември секој граѓанин кој ќе сака да присуствува на масовни настани, веројатно задолжително ќе мора да приложи сертификат за вакцинација против ковид 19.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека здравствените власти размислуваат за воведување на рестриктивни мерки за невакцинираните граѓани со што истите би се стимулирале да се имунизираат во иднина.
– Ние не можеме и никаде во светот вакцинацијата не е задолжителна. Дозволете да констатирам- за жал и затоа мораме да размислуваме и за други алтернативни решенија.. на пример да се присуствува на настан со масовно присуство дали на отворено или на затворено, дали во кино или културни настани само со таков сертификат.- Венко Филипче.
Во меѓувреме, иако делта сојот зема се поголем замав во Тетово, Филипче вели дека кластерите се познати за епидемиолозите кои веќе ги преземаат сите стандардни активности но и дека во моментот не се размислува за воведување на дополнителни рестриктивни мерки за жителите на овој регион.
-Засега не се размислува за никакви регионални мерки, и таму каде што нема нови случаи и таму кај што има инсистираме да се спроведува вакцинација… тоа е нашиот фокус за сега. Треба да знаеме низ што поминавме, треба да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме… ние мора да функционираме а во исто време да водиме сметка за сопственото здравје.- Венко Филипче.
Процесот на вакцинација продолжува да се одвива нормално, заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се околу 430 илјади граѓани а 250 илјади се ревакцинирани. Од вкупниот број вакцинирани во изминатите два дена околу 30% се имунизирани преку теренската вакцинација.

loading...
Loading...