Од следната недела влез во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест

Loading...

Mакедонските државјани од понеделник, 12 октомври, ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест.
Премиерот, Зоран Заев, соопшти дека Владата ја прифатила препораката од Комисијата за заразни болести и е донесена одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од овие четири земји.
-Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест, соопшти Заев.
Тој вели дека оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје.
-Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19, наведе Заев.

loading...