Од среда се менуваат сезонските билети за натпреварот Металург – Динамо Минск

Loading...

Ракометниот клуб Металург информира дека, од среда, почнува продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Динамо Минск, за сите оние кои поседуваат сезонски билети за групната фаза од Лига на шампионите.

Рокот за промена на сезонските влезници со влезниците за осминафиналната средба против екипата на Динамо Минск почнува да тече в среда (06.03) и трае до сабота (09.03).
 
Влезниците ќе може да се заменат во продажната мрежа на „КупиКартиЗаСе” во Скопје и низ Македонија, со приложување на сезонската влезница.
 
Сите влезници кои нема да бидат заменети до сабота (09.03) ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (11.03).Сите останати влезници од М и Б блоковите во СЦ „Борис Трајковски” ќе бидат пуштени во продажба в понеделник (11.03.2103 година), со почеток во 17 часот.
 
Во истиот термин ќе почне и продажбата на влезниците преку интернет на www.rkmetalurg.mk и www.kupikartizase.com .
 
За осминафиналниот натпревар против белорускиот преставник Динамо Минск цените на влезниците ќе бидат следни:- Блоковите Б7, Б8 и Б9 ќе се продаваат по цена од 200 денари,- Блоковите Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15 по цена од 300 денари,- Блоковите М7, М8 и М9 по цена од 300 денари и- Блоковите М1, М2, М3, М4, М12 и М15 по цена од 500 денари.
Makфакс
Ракометниот клуб Металург информира дека, од среда, почнува продажбата на влезниците за натпре

loading...