Од утре пораст на температурите, до петок 39 степени

Loading...

Сончево време со постепен пораст на температурата, најавува УХМР од утре.
По денешниот ден со максимални 34 степени, следува зголемување на температурата до 39 степени, особено кон крајот на неделата. УВ индексот повторно ќе биде 9.
Повисоки температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува. Особено топло ќе биде на југоистокот.
Денес температурите ќе се движат од минимални 11 до 34 степени, во вторник од 10 до 36, а од среда до петок од 12 до 39 степени Целзиусови.

loading...